Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи во Топ Тема: Не ги коментирам изјавите од Софија, за да не бидеме дел од бугарското предизборие

/

пред 2092 дена

Сподели преку :

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, во вечерашното интервју за Топ Тема, рече дека тој не ги коментира секојдневните изјави од бугарските претставници, кои се навредливи за македонскиот идентитет и јазик, затоа што на тој начин би станал дел од преизборието во соседната држава.

Според Османи, не е начин да се брани македонскиот идентитет преку влегување во предизборниот амбиент во Бугарија, туку да се продолжи со официјалната комуникација на министерствата и спроведување на акцискиот план меѓу двете држави кој треба да помогне да се надминат споровите.

Тој потенцираше дека пристапот на македонскта страна е историјата да не се толкува како процес на ревизија на идентитетот, туку како процес на образование и надминување на стеротипите кои постојат во општеството.