Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пандемијата која ги затвори семејствата во своите домови причина за зголемен број на случаи на семејно насилство

/

пред 1944 дена

Сподели преку :

Карантинот причина за зголемен број на пријавени случаи на семејно насилство во земјава. Невладината ЕХО, која 18 години работи на оваа проблематика има регистрирано само 87 случаи во штипскиот регион. Но, оваа бројка расте и во првата половина од оваа година. Сметаат дека девојките и помладите жени се похрабри и одлучуваат да го пријават насилството во своите домови, за разлика од повозрасните, кои се уште се тивки.

Новиот Закон за семејно насилство е казнив за сторителите не само врз жените, семејството, туку и доколку се случи на работно место, училиште и јавен простор. Статистиката на ЕХО говори дека висок е и процентот на решени насилства.

Пеева смета дека низ годините институциите и ЕХО воспоставиле  добра соработка и затоа имаат и висок процент на решени случаи. Жените освен семејно насилство до нив пријавуваат и проблеми од социјалната заштита.

Викторија Димитрова Јованова