Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пациент избегал од модуларната болница во Штип, полицијата го нашла на градскиот плоштад

/

пред 1832 дена

Сподели преку :

84-годишен пациент од Кочани ја напуштил модуларната болница во Штип, во која се лекувал по заразата и тешката состојба со коронавирусот.

Здравствениот персонал во СВР-Штип вчера во 15.47 часот пријавил оти пациентот ја напуштил модуларната болница.

Прочитајте повеќе: Нема грешки во лекување на пациенти од КОВИД 19, тврди МЗ без да посочи број на извршени надзори

Пациентот го искористил моментов кога здравствениот персонал носи пациенти на Oдделот за ренгенологија и се одалечил од болницата, но персоналот брзо реагирал и тој е пронајден на Градскиот плоштад, кој од болницата, доколку се оди пеш  е одалечен од 10 до 15 минути.

Полицијата веднаш се дала во потрога и пациентот бил пронајден на Градскиот плоштад во Штип, и со возило на Итанта медицинска помош е вратен во модуларната болница.

Почна вакцинацијата со трета доза – веќе дадени првите вакцини

Директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев појаснува дека пациентот уште од утринските часови барал да си замине од болницата, но поради неговата серизона и тешка здравствена состојба е задржан на лекување.