Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски: Нема закани за безбедносна дестабилизација

/

пред 1746 дена

Сподели преку :

„Пролонгираната состојба на статус кво со блокадата на европските интеграции, не може да предизвика безбедносна стабилизација.“ Ова е една од главните пораки што шефот на државата Стево Пендаровски ги изнесе во годишното обраќање пред пратениците.

На денот кога Заев се повлекува од премиерската функција, Пендаровски потсетува дека десет години заедно воделе битки за човекови слободи и права, но често пати и не се согласувале.

Претседателот потенцира дека најважен аспект за изградба на функционална правна држава е еднаквоста и неселективната правда. Општествената апатија е причина и за разочарување и иселување.

20-минутното обраќање на претседателот почна со минута молчење за жртвите од пожарот во тетово и сообраќајната несреќа во Бугарија. Го ислушаа пратеници од сите партии со исклучок на Левица, и со виртуелно присуство на дипломати, раководни домашни гости и други званици.

Соња Николовска