Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет групи во изолација и четворица вработени во градинките позитивни на Ковид-19

/

пред 2158 дена

Сподели преку :

Пет групи во изолација и  четворица вработени позитивни на КОВИД – 19 од отворањето на градинките. Ваква е статистиката во струмичката градинка за два месеца функционирање.

Управата на градинката Детска радост смета дека состојбата е под контрола затоа што строго се придржуваат до мерките за заштита од вирусот КОВИД – 19.

Бубев вели дека капацитетот на градинката е исполнет според препорачаните протоколи, а доколку некое дете остане на чување во домашни услови, се прима друго дете. Во моментов во градинката се запишани околу 500 деца.

Засега е стабилна состојбата и во струмичките основни училишта, каде не е забележан пренос на вирусот помеѓу учениците или вработените во училиштата.

Сузана Мицева