Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе пакувања хероин подготвени за продажба пронајдени при претрес во Кавадарци

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба, се пронајдени при претрес во Кавадарци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што стои во соопштението од МВР, во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство на 27.11.2021, по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба.
Дополнуваат дека е одземено и возило „алфа 159“ како и парчни средства за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.
В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство.