Дејан Тодевски од планинарскиот клуб „Македон“ за 24 часа со трчање се искачи и спушти од Водно. Целта е не само да истрча што повеќе километри туку и да стаса до 800 метри надморска височина за да може високо да котира на светската листа по висинско качување.











