Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина од капацитетот на штипската модуларна болница е пополнет со пациенти

/

пред 1876 дена

Сподели преку :

Половина од капацитетот на штипската модуларна болница е пополнет со пациенти, на кои им треба болнички третман. За неполна недела бројката на хоспитализирани се искачи на 24, од кои десетмина се и имунизирани,   а на половина, односно на 12 пациенти им е потребна кислородна поддршка. Хоспитализираните имаат проблеми со дишење и ниска сатурација и доминираат помлади пациенти.

Додека се полни модуларната болница, штипското Инфективно одделение, единствено во источниот регион се реконструираа, со европски пари. Но, поради административно бирократски причини се уште не е почнато со поставување на централниот довод за кислород. Во изминатите три брана на коронавирусот, персоналот на раце мораа да ги качуваат боците со кислород во болничките соби.

Реконструкцијата на инфективното одделение во Штип се очекува да заврши до почетокот на септември, со ставање  во функција овој објект и модуларната болница, регионалниот ковид центар ќе има капацитет за над 120 пациенти.

Викторија Димитрова Јованова