Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради коронавирусот Гевгелија ја затвара капелата

/

пред 2176 дена

Сподели преку :

Градската капела во Гевгелија ќе се затвори, а во договор со свештенството допрва ќе се договара како ќе се организираат погребите.

Нови протоколи се најавени и за посетите на гробиштата. Вака одлучи општинскиот штаб за заштита и спасување на последниот состанок, на којшто решија и градскиот пазар да работи со само еден влез.

Редовна дезинфекција на улиците и јавните површини е уште една мерка на градот во борба со Kовид-19. За угостителите, пак, се најавени ригорозни контроли.

Во градот во моментов има активни околу 40 случаи на Ковид-19.

Сузана Мицева