Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен Владимир Панчевски почна со издржување на казната во Шутка

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Од денеска, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот Скопје каде почна да ја издржува 2 и пол годишната затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Панчевски добил упатен акт за издржување на казната за денешен ден, но прво со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Судиите од истиот суд кој го раководеше до пред 5 години ја одбиле жалбата на Панчевски и денеска околу 14 часот тој сам се пријавил на издржување на казната.

Веднаш по приемот, Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид протоколите, ни изјави Филип Андов, директорот на затворот Скопје во Шутка.

Панчевски е осуден во рамките на случајот Акмис односно поради тоа што рачно распределувал судски предмети наместо да се користи компјутерскиот систем Акмис.