Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По снемувањето струја, преземени сите мерки за здравствена нега на пациентите, соопшти министерот Сали

/

пред 1694 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство, Беким Сали на својот ФБ профил истакна дека по снемувањето струја на територијата на Скопје се преземени сите мерки, скопските клиники да проодолжат да функционираат нормално.

„Ја информирам јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент“, напиша Сали.

Околу еден час во Скопје немаше напојување со електрична енергија.