Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По сторијата на Телма, државните институции затропаа на вратата на семејството Стрезовски

/

пред 2183 дена

Сподели преку :

Не пречека на влезот на нивната трошна куќа, за да ни ги каже убавите вести. Злате Стрезовски од Тетово, вели дека се уште постојат хумани луѓе, кои му помогнаа во период кога му беше најтешко.

Откако ја објавивме сторијата за неговото семејството, веднаш ги посетила екипа од Центарот за социјални работи.

Благодарение на нивни сограѓанин децата сега можат да следат настава на компјутерот кој досега беше нефункционален, а добиле ветување и за два лап топ компјутери.

Луѓе од повеќе градови се јавиле за да им помогнат во храна и пари.

Стрезовски е благодарен на сите кои што помогнаа.

Сепак е разочаран од фактот што мораше да побара помош преку медиумите, наместо државата да се грижи за нив, но и за семејствата како неговото.

Стрезовски остануваат да живеат во куќата под наем, со надеж дека еден ден ќе имаат сопствен кров над глава и дека четирите деца ќе имаат достојни услови за живот и образование.

Данијела Билбилоска