Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Празнична крводарителска акција со почитување на сите заштитни протоколи заради пандемијата

/

пред 2227 дена

Сподели преку :

Пандемијата со Ковид – 19 не ги спречи граѓаните да даруваат крв, на празничната крводарителска акција.

Акцијата почна во девет часот, и за само неколку часа, повеќе од сто граѓани даруваа крв. Сите крводарители мораа да носат маски, да ги дезинфицираат рацете пред пунктот, и да им се измери температура.

Оваа година покрај стандардната анкета за крводарители, се пополнува и епидемиолошки прашалник. Тестирање за корона вирусот не е задолжително пред дарувањето крв.