Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеничката Славјанка Петровска заразена со корона- и се слошило додека била на седница во Собранието

/

пред 2166 дена

Сподели преку :

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска вечерва објави дека е позитивна на корона вирусот.

На својот фејсбук профил, Петровска објави дека „попладнево ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собрание.“ Поради тоа се тестирала,а  резулатот бил позитивен.  Изминативе денови пратеничката имала ограничено движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носела заштитна маска.

-Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се., напиша на ФБ профилот.

Славјанка Петровска е трет пратеник од владеачкото мнозинство кој во октомври е потврден за заболен од корона вирусот. Претходно Лазе Таневски од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ, потврдија дека се заразени со вирусот. Петровска од јануари до јули беше дополнителен заменик министер за внатрешни работи.