Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пред 5 години имала несреќа со жртви во Турција- фирмата чиј автобус денеска со фалсификувани документи возел за Истанбул

/

пред 1749 дена

Сподели преку :

Според повеќе медиумски написи, фирмата Бога транспорт, регистрирана во Аеродром во Скопје, е сопственик на автобусот кој вечерва е запленет кај Миладиновци затоа што кон Истанбул возел со фалсификувани документи за регистрација и број на шасија.

Автобус од марката Сетра е запленет, а пд МВР не соопштуваат кој е сопственик. И возачот е под инспекциска проверка бидејќи постојат сомнежи дека немал соодветен документ за управување со автобус во меѓународен сообраќај.

Автобус на фирмата Бога транс пред 5 години се судри со камион во внатрешноста на Турција. Еден македонски турист загина, а 5-мина беа сериозно повредени.

Тогаш возачите беа приведени поради обезбедување за истрагата во Турција додека турските лекари се бореа за најтешко повредените патници од Македонија. На најтешко повредениот патник му беше ампутирана ногата.