Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преполни болници и недостаток на кадар во струмичката болница

/

пред 2184 дена

Сподели преку :

Преполно  е струмичкото инфективно одделение и дневниот КОВИД центар.

Се бара кревет повеќе за сместување на пациентите позитивни на корона – вирусот во Струмица.

Од управата на болницата потврдуваат дека бројот на заболени е загрижувачки, а на одделението се сместени околу 50 пациенти.

Од Центарот за јавно здравје велат дека до пред две недели возрасната граница на заболените се движела помеѓу 15 и 30 години во Струмица, додека во моментов заболените се и до 70 годишна возраст.

Од струмичката болница велат дека состојбата во градот е алармантна и потребно е итно да се преземат мерки бидејќи немаат ниту просторни ниту кадровски капацитети за поголем број заболени.

Сузана Мицева