Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Престојот во Македонија заврши за уште 43 граѓани на Авганистан

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште.

Во текот на привремениот престој, нашите институции овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации. Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан, соопшти прес-службата на Владата.

Во соопштението се наведува дека во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Од Македонија до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.