Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат разговорите на власта со средношколците за начинот на водење на наставата во услови на пандемија

/

пред 2230 дена

Сподели преку :

Сојузот на средношколците, комисијата за заразни болести и министерот Филипче, денеска по втор пат се сретнаа да разговараат за старот на новата учебна година.

На состанокот присуствувале пет средношколци од различни градови во земјава – но со ист и непроменет став дека наставата треба да почне со комбиниран модел.

Според нив, важно е да се дозволи  секој град и училиште да да може да избере дали ќе ги отвори учлиштата и средношколците ќе се вратат во школските клупи или да  слушаат предавања од дома.

Од Комисијата за заразни болести за Телма велат дека учениците треба постепено да се враќаат назад на училиште, затоа што следи период во кој се очекува да расте  бројот на заразени од корона вирусот.

Тие  утрово со средношколците разговарале за епидемиолошката состојба во земјава, и кои си ризиците ако наставата од септември од он- лајн се префрли во училна.

Инаку Сојузот на средношколци претходно најавија протестен марш за во понеделник, бидејќи не се согласуваат со одлуката за целосна онлајн настава и бараат комбиниран модел, онаму каде што дозволуваат условите. А и покрај состаноците со Комисијата нема да се откажат од намерата за една недела да излезат на протест пред МОН.

Теодора Цветковска