Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдено уште едно тело, потврдени 45 загинати во автобусот

/

пред 1772 дена

Сподели преку :

Изгорените делови на автобусот го криеле одговорот за 45 жртва од кобната ноќ на 23 ноември. Таму се пронајдени останките на помладо лице, извести Јавниот обвинител Јовевски.

Истите се пренесени на вештачење во Институтот во Софија, а со сето ова и дефинитивно се утврди бројот на загинати патници во автобусот на „Беса Транс“.

„Апсолутно уверен сум дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело во изгорениот автобус затоа што од сликите коишто и вие ги видовте, станува збор за големо оштетување на автобусот и истиот од местото на незгодата е пренесен на друго место каде што се издадени наредби за соодветни вештачења во делот на неговата техничка исправност и во делот на избувнувањето на пожарот и притоа, во дел на автобусот најдено е уште едно тело“ изјави Љубомир Јовевски, јавен обвинител.

Денес во земјава пристигна тим од обвинители од Бугарија и тие утре ќе ги преземат ДНК-анализите на роднините на загинатите патници.

Обвинителот Јовевски извести дека од неговото Обвинителство испратена е замолница до властите во Бугарија и тие да помогнат со својата експертиза за да се забрза процесот на идентификација.

„Покрај тоа, ние на бугарските претставници ќе им ја доставиме и сета документација којашто досега е обезбедена од Јавното обвинителство, а пред сè документацијата којашто е одземена од „Беса Транс“, потоа,  во делот на регистрацијата на автобусите податоци од Министерството за транспорт и врски“ вели Јовевски, јавен обвинител.

Во 21.15 часот, во трагичната ноќ, на граничниот премин „Капетан Андреево“ влегле 52 патници.

Од нив, 45 се најдени во автобусот, а седум се во болницата „Пирогов“ и за жал нема уште еден спасен, официјално извести Борислав Сарафов директорот на Националното обвинителство од соседна Бугарија.

Петар Догов