Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прочистување во судството и ЕУ мониторинг на судењата најави новиот министер за правдa

/

пред 2224 дена

Сподели преку :

Ветинг но не како во Албанија, туку по македонски терк. Антикорупциска и Судскиот совет да го прават прочистувањето во правосудството.

Ова е една од  планираните реформите со која новиот министер Бојан Маричиќ влезе во министерството за правда.

Целта е непрофесионалните и нечесни  судии и обивнители да не бидат дел правосудниот систем, вели Маричиќ.

Антикорупциска уште на почетокот на годинава испланира првично да го провери имотот на 40тина претседатели на судови и поранешните специјални обвинители, но постапката се уште не е завршена.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, вели дека се уште не ги добиле сите потребни документи од институциите врз основа на кои ќе можат да провери дали судиите и обвинителите дале точни податоци во имотниот лист.

Од напишано во програмата, Маричиќ ќе треба да ги преточи во пракса ветувањата за успешени преговори со ЕУ во поглавјата за правда и владеење на право но и електорнски алки за притвореници и затвореници,  модел со кој ќе се спречат злоупотребите со судиите поротници, секој судија и обивнител да има и стручен соработник, да ја намали судската такса за да стане правдата подостапана за граѓаните, јавноста да има пристап до аудио снимките од судењата за организиран кримина и корупција.

Најави и ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција како гаранција за фер и непристрасно судење и ефикасен судски процес.

Десковска му ја предаде функцијата и во аманет му остава уште неколку жешки закони,  ЗКП и законот за парнична постапка кои исто така бараат 2/3 мнозинство, како и носење на целосно нов изборен законик.

Во министерската фотеља Маричиќ  седнува со ветување за борба со криминалот и корупцијата, но тврди дека нема да има мешање во работата со колегата Николовски кој стана вицепремиер  за борба со корупција.

Вели ќе имаат различни надлежности и  на двајцата шеф ќе им биде премиерот.

Елена Ивановска Мукоска