Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разрешен директор на скопски Улици и патишта, во Струга полицијата му нашла кокаин

/

пред 2238 дена

Сподели преку :

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку ФБ објави дека го разрешил од функцијата директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ.

Смаиловиќ според податоци од МВР билтенот во саботата навечер бил уапсен во Струга и му бил пронајден кокаин.

-На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти вчера полицијата.

Шилегов не даде повеќе детали за разрешувањето и не прецизираше дали дозата кокаин е причина зошто го смени директорот Смаиловиќ назначен во ноември 2017-та година, кога Шилегов беше избран за градоначалник на главниот град.