Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на заболени со ковид помеѓу младите на возраст од 12 до 19 години

/

пред 1827 дена

Сподели преку :

Расте бројот на заболени со ковид 19 помеѓу гевгелиските ученици. Според епидемиологот Сашо Олумчев ширењето помеѓу младите на возраст од 12 до 19 години е очекувано со почетокот на учебната година нои фактот што голем дел од оваа популација не го прележала вирусот или не е вакцинирана.

Во следниот период Олумчев очекува намалување на возрасната граница која ќе биде таргет на вирусот, односно децата под 12 години.

Во Гевгелија во моментов има осумдесетина активни случаи на ковид-19. Овој град е меѓу оние со највисок процент на вакцинирани граѓани во државата, со околу 61%.

Сузана Мицева