Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регулаторна не го прими раководството на ВМРО ДПМНЕ, но барањето е архивирано

/

пред 2213 дена

Сподели преку :

Враќање на старата цена на струјата и оставки од членовите на Регулаторната комисија за енергетика побараа денеска од раководството на ВМРО ДПМНЕ, кои го предводеа вториот протестен марш против поскапувањето на електричната енергија.

Маршот траеше кратко, како и релацијата што ја поминаа од седиштето на партијата до канцелариите на Комисијата кои се наоѓаат на следната улица, во центарот на Скопје.
Од партијата велат дека, нивните барања се и барања на народот.

Од Регулаторната комисија велат дека, иако не им отвориле врата, сепак, барањето на ВМРО ДПМНЕ е архивирано.
Посетеноста на протестот беше слаба. Тие што дојдоа сметаат дека има повеќе причини да се протестира.
Од партијата најавуваат дека ќе продолжат со протестите се` додека не се излезе во пресрет на нивните барања.

Далиборка Дeмјанска Цветановска