Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реновирани просториите на Универзитетската Клиника за ортопедски болести

/

пред 1746 дена

Сподели преку :

Во реновираните простории на  Универзитетската  Клиника за Ортопедски болести која се наоѓа во најстарата зграда на Клиничкиот центар на простор од 1.300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови.

Директорот на клиниката Александар Трајановски рече дека целосно се реконструирани и реновирани Одделот за онколошка ортопедија, Одделот за детска ортопедија, Одделот за пластика, Одделот за спинална хирургија, целосно е реновиран Одделот за интензивна нега каде што има осум кревети.

Трајановски на министерот Филипче и на компаниите донатори им додели благодарници и најави дека за наредната година се планира да се реновира делот од Ургентниот центар, крилото дел од трауматологија како и КАРИЛ.