Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Свештениците и на Василица не ги почутуваа мерките за заштита од Ковид-19

/

пред 2095 дена

Сподели преку :

На денешната литургија и молебен, по повод празникот Василица, во црквата Св. Илија , во скопската населба Аеродром, не се почитуваа во целост здравствените мерки за заштита од Ковид-19. Верниците носеа маски и стоеја на дистанца. А, свештените лица не носеа маски. Не изостана ни светата причест на верниците, со една иста лажичка.

Во малата црква Свети Илија, околу 50 верници ја следеа литургијата на Свети Василиј Велики и молебенот. Со маски на лицата и со меѓусебно растојание, се крстеа, се поклонуваа и клечеа на колена. Но, за разлика од нив, свештениците во текот на целата литургија не носеа маски и пиеја од ист пехар, исто како на литургијата на Божик, во Соборниот храм. И поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, во текот на богослужењето неколкупати ја стави и ја извади маската. Повеќето верници го  прифаќаат ваквото однесување на свештениците, во време на пандемија.

По литургијата, следуваше причестувањето на верниците, што беше извршено со една лажичка за сите нив. Верниците не се плашат дека на тој начин може да се пренесе корона вирусот.

И старешината на црквата Свети Илија со став дека од причестувањето не може никој да се зарази.

Светата тајна причест , тоа е една светиња над светињите. Тука не може никаква зараза да биде . Значи тука е Господ Исус Христос. И затоа не треба ние православните да се плашиме, протојереј Зоран Стаменковиќ- старешна на црквата Свети Илија.

Причестувања од исто лажиче имаше и на Божик, во повеќе храмови на МПЦ низ земјава. Но, и за Велигден минатата година, во екот на првиот бран инфекции од корона вирусот.

Сотир Трајков