Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Семејството Синадиновски од тетовско Доброште 5 години произведува традиционална домашна зимница

/

пред 2197 дена

Сподели преку :

Над 1.000 тегли ајвар, кечап, џем, слатко направиле семејството Синадиновски од тетовско Доброште минатата година. Произведуваат и домашно сирење и кашкавал. И сега во сезоната на зимници имаат полни раце работа. Ирена Синадиновска, која воедно е и член на Федерација на фармери, вели дека од пред 5 години целосно се посветени на призводство и продажба на домашни производи и преработки, како регистрирана фирма во која се вработени таа и сопругот.

Во земјоделските активности се вклучени сите членови на семејството, а користат продукти од нивните ниви и животните кои ги чуваат.

Индивидуалните земјоделци за да ги продаваат традиционалните производи во маркетите и на зелените пазари, ќе треба да се регистрираат и со декларација ќе се потврди нивната безбедност.

Земјоделците се надеваат дека со овој чекор ќе се сузбие нелојалната конкуренција и ќе се зголеми нивниот профит.

Данијела Билбилоска