Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се повеќе заболени од Ковид -19 во Прилеп, Охрид, Битола

/

пред 2029 дена

Сподели преку :

Прилеп и натаму останува лидер  не само во  Југозападниот регион, туку и во државата со најголема смртност од КОВИД-19, а бројките на новозаразени незапирливо растат.

Тој е втор град по Скопје, со најмногу заболени од почетокот на пандемијата- над 6300 и 295 починати.   За неполни три недели од март регистирани се 903 нови случаи, а 30 лица ја загубиле битката со вирусот.

Огромен е притисокот  врз прилепската болница, каде  околу 85 проценти од хоспиталзираните се на  кислородна подршка. Уште едно одделние се адпатира во КОВИД центар  каде ќе се згрижуваат потешките случаи.

-Во прилепската болница се хоспитализрани 117 пациенти,  од кои  97 се на кислордна поддршка. Имаме на располагање слободни легла, но го отвараме и очното одделение како нов КОВИД центар и работиме на нова реорганизација. Ова ќе биде одделение за потешките случаи, како интензивна нега. И таму имаме доволен број на слободни кревети. Интензивно работиме на отворање на модуларната болница, а деновиве очекуваме дека ќе биде пуштена во употреба, вели Кети Смилеска, директор на Општа болница „Борка Талески“-Прилеп.  

Статистиките покажуваат загрижувачка сосотојба и во Охрид, каде од почетокот на март до денес има 438 новзаболени, а починале 10 лица.

Во болницата се хоспитализирани 92 пациенти.

Ако претходниот месец Битола беше на дното во дневните статистики по бројот на новозаболени, последните денови состојбата се менува и дневно се регистрираат по педесетина позитивни на вирусот.

Се полни и КОВИД центарот, каде денес се хоспиталзирани 78 пациенти. Градоначалничката Наташа Петровска  вели дека  во битолската болница има слободни места, завршуваат подготовките и за отворање на модуларната, но повика на почитување на мерките, затоа што бројките растат.

-Тоа најмногу се должи на собирањето на поголеми групи на местата како што се кафичите, факт е дека има ситуации и појави на многу блиску поставување на маси. Ја повикувам инспекцијата да делува соголасно насоките. Но имаме и друг момент, поради сите празнувања и традиции кои што ги имаме како народ, последно беше Прочка, а во овие околности мораме да водиме сметка и собирањата мора  да ги редуцираме, вели Петровска.

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 746 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Здравство информираат дека  доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Емилија Мисирлиевска