Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

-Се потешко е, здравствениот систем е под огромен притисок- вели министерот Филипче за кого последна мерка е полициски час

/

пред 2146 дена

Сподели преку :

На сите се трудиме да им одговориме, објаснува министерот Филипче иако се погласни се критиките и жалбите на пациентите дека или не биле примени на лекар и преглед или пак се бара матичен лекар да им го организира лекувањето. Сепак најголем удар е врз болниците. И самиот министер вели дека се потешко и целиот здравствен систем е под огромен притисок бидејќи никогаш во историјата, ниту пак во науката бил предвиден за лечење на само една болест, во случајот Ковид 19.

Тактиката на првиот лекар, но и на јавното здравство засега е чекање резулатти од веќе донесените мерки. Последно решение е клуч, карантин и полициски час доколку бројките наместо да стојат во место или паќаат, продолжат да растат.

Македонија последниве неколку дена се стабилизира на високиот процент од околу 35 проценти заразени меѓу извршените тестови, а според Филипче факторот на заразување е намален и приближен на 1. Односно 1 позитивен, заразува еден човек.

Миомир Серафиновиќ