Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се преврте автобус полн со работници во Битола (фото)

/

пред 1834 дена

Сподели преку :

Автобус полн со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени кај Битола се преврте утрово во 6.30 часот.

Во автобусот биле работници од третата смена кои требало да бидат транспортирани во Битола.

Според информациите на дописничката Телма, Емилија Мисирлиевска, автобусот се превртел на излезот од фабриката.

Според првичните информации во болницата во Битола биле пренесени петмина повредени, но по кратките интервенции биле пуштени на домашно лекување.

Екипата на Телма се упати кон местот на несреќата повеќе информации очекувајте подоцна.

Екипи на СВР Битола се на терен.