Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се собира помош за операција на болна сопруга на загинат полицаец во Диво Насеље

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Од независниот синдикат на полицијата објавија повик за собирање на парична помош за сопруга на загинат полицаец во акцијата Диво Насеље заради медицинска интервенција во странство.

-На Ане и е потребна нашата помош повеќе од било кога. Анета Стојменовиќ е сопруга на нашиот херој тигарот Горан Стојменовиќ “Србинот” кој загина во акцијата во Диво Насеље, Куманово каде што ја бранеше својата татковина Македонија. За жал пред извесно време кај Ане е дијагностицирана дискусхернија на вратната кичма за која постои опасност да сноси последици и на други делови од телото и потребна е итна хируршка интервенција, објави од синдикатот на ФБ.

-За таа цел потребна е наша помош преку собирање на парични средства за потребната операција која треба да се избрши во Белград, Србија која ќе чини 10.000е. Операцијата е закажана на 14.03.2022. Рокот за собирање на средствата е краток, но заедно можеме да ја постигнеме целта!, наведуваат од НСП.

Донациите се собираат  на телефонскиот број

Т-Моб 143177  Анета Стојменовиќ!

Или на следната сметка

Трансакциона сметка 250500017937617 Охридска Банка