Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјан Мицевски: Груевски ми кажуваше ‘земи го тој и тој подизведувач’

/

пред 2215 дена

Сподели преку :

Бизнисменот Силјан Мицевски сведочеше на судењето за предметот  „Талир”  за незаконско финансирање на партијата од речиси 4,6 милиони евра во кој обвинети се екс премиерот Никола Груевски и поранешни партиски функционери  Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски и Леко Ристовски

Како што објави СДК.МК, Мицевски кој е сведок на обвинителството објаснил како откако ќе добиел тендер од власта,  првите луѓе на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ му сугерирале и барале од него кои подизведувачи да ги земе.

-По наредба на премиерот или генералниот секретар на Владата се случувало да ми кажат: ‘Земете го тој и тој подизведувач’. Кирил Божиновски ми дал таква сугестија. Ми кажал на пример да го вклучам ‘Трансмет’ за ископ во Битола”, сведочел Мицевски.

На прашање дали некогаш донирал во ВМРО-ДПМНЕ, тој одговори:

„Да, лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”, пренесува СДК.МК

Битолскиот бизнисмен Мицевски треба да се појави и како оштетен во предметот Меѓународен сојуз каде меѓу обвинетите се  Бојан Јовановски и експратеничката Фросина Ременски