Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово

/

пред 1850 дена

Сподели преку :

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово.

ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир.

Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.

Пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово синоќа околу 21 часот одзеде десет животи според првичните официјални информации.

Причините за пожарот сѐ уште не се познати.