Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спиро Ристовски излегува од куќен притвор

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје,за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.

Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.

Минатата недела за истиот случај од домашен притвор беше ослободен и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски. Тој е осуден на затвор од шест и пол години. Вељаноски како гаранција дека нема да побегне ја понудил куќата во која живее чија вредност била проценета на 210 илјади евра.