Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стартува изборната кампања

/

пред 1832 дена

Сподели преку :

Првиот ден од изборната кампања е во знакот на ветувањата. Партиите и кандидатите ги најавуваат проектите со кои ќе се обидат да ги освојат симпатиите на гласачите на 17-ти октомври.

СДСМ има 68 кандидати за градоначалници. Со мотото „Најдоброто за твојата општина“, кампањата ја почнува со централен митинг во Битола. Лидерот Зоран Заев ветува позитивна кампања и силен локален економски развој за да се задржат младите во земјата.

ВМРО ДПМНЕ ќе се бори за градоначалничката позиција во 61 општина и во градот Скопје. Со мотото „Создади нова иднина“, изборниот караван традиционално тргнува од Охрид. Кандидатката за метрополата, вели дека ова е предизвик и за оние што не се дел од политиката.

ДУИ истакна кандидати во 19 општини. Изборната кампања ја почнуваат и ја завршуваат во Гостивар.

Алијанса – Алтернатива има 15 кандидати за градоначалници. На првиот ден од кампањата, организираат митинг во Скопје. Во Скопје, но од друга локација, почнуваат и БЕСА и ЛДП-ДОМ. Со помали собири и видео пораки, почнува кампањата и на независните кандидати.

На овие локални избори, потврдени се листите на 303-ца кандидати за градоначалници на 80 општини плус Скопје, од кои 25 се независни а останатите поддржани од партии. Потврдени се и 567 листи на советници. Вкупно, за градоначалник или општински советник, се пријавиле околу 11 илјади кандидати. Нивните пораки ќе се емитуваат до 15-ти октомври, по што следува молкот пред првиот изборен круг.

Соња Николовска