Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во добра состојба на Инфективна клиника

/

пред 2229 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е хоспитализиран на клиниката за инфективни болести во Скопје и е во добра состојба, тврди за Телма раководител на сектор во општинските служби.  Мерко е позитивен на корона вирусот и сам заминал во Скопје бидејќи се почувствувал заслабнат, но е во добра состојба, вели раководителот од општината.

Од инфективната клиника во Скопје само потврдија дека Мерко е сместен кај нив, но во интерес на пациентот и заштитата на неговите лични медицински податоци не споделуваат информација за здравствената состојба.

Во општината до денеска имале уште еден вработен раководител кој ја прележал болеста и по два негативни теста се враќа на работа. Уште еден вработен е ослободен од обврските, а поврзано со корона епидемијата.

Од општина Струга нема повеќе детали за број на вработени кои се во изолација и се заболени.

Мерко е 6-ти градоначалник кој е позитивен на Ковид-19. Пред него од корона заболеа и оздравеа градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, првите луѓе на скопските општини Газибаба и Чаир, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и градоначалникот на општина Чешиново-Облешево.