Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Талат Џафери од семејни прични го откажа продолжението на конститутивната седница

/

пред 2242 дена

Сподели преку :

Претседавачот со конститутивната седница Талат Џафери, поради објективни семејни причини, денеска нема да закаже продолжение на седницата, информираат од собранието.

Џафери вчера на Фејсбук напиша дека добил внук од ќерка, на што срдечно му честиташе и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Инаку вчера Џафери за Телма го најави продолжението на седницата за денеска во 14 часот, на која треба да се избере комисија за избори и менувања, а потоа и претседател на собранието.

Седницата требаше да следува откако денеска на пладне претседателот Пендаровски ќе му го додели мандатот за формирање влада на Заев.