Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетово без услови за возење велосипеди

/

пред 2212 дена

Сподели преку :

Единствената велосипедска патека во Тетово, која се протега долж булеварот „Маршал Тито“, честопати е узурпирана.

Далибор Спасовски, како дел од тетовскиот велосипедски клуб, вели дека многу е тешко да се вози низ градот, бидејќи на патеката има различни пречки кои го отежнуваат движењето, а во другите делови од градот, пак, мора да возат на улица заедно со автомобилите.

Немајќи соодветна инфраструктура, велосипедистите ги избираат планините како место за рекреација.

По примерот на другите градови и тетовските велосипедисти бараат велосипедски патеки. Надлежните да направат планински патеки за возење во овдешните рекретивно-туристички места, како Бањиче и Попова Шапка.

Спасовски, кој воедно е и долгогодишен спортист, вели дека придобивките за здравјето, но и за животната средина од возењето велоспед се големи.

Факт е дека во последните години се поголем број граѓани покажуваат интерес за овој тип на рекреација, па упатува апел до надлежните да покажат поголем интерес за овозможување подобри услови.

Данијела Билбилоска