Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетово се гуши во загаден воздух среде пандемијата Ковид 19

/

пред 2141 дена

Сподели преку :

Со првите поладни есенски денови во Тетово започна да расте и загаденоста на воздухот со штетните ПМ 10 честички. Градот неколку години е помеѓу првите на листата кои имаат високо ниво на аерозагадување.

Дополнително во време на пандемија, која има и голем број на заразени со ковид 19, се доведува во прашање здравјето на граѓаните.

Научните студии потвдруваат дека поголемо загадување на воздухот значи многу полоши последици од зараза со коронавирусот.

Граѓаните на Тетово велат дека загадувањето најмногу го чувствуваат во ноќните и раните утрински часови.

Од општина Тетово очекуваат дека мерката за доделување инвертер клими на граѓаните ќе придонесе за наламување на аерозагадување.

Засега казни за загадувачи нема, бидејќи се проверуваат налозите по извршените 70 вондредни и 40 редовни надзори врз погони и претрпијатија.

Иако рестриктивните мерки на светско ново го намалија загадувањето на воздухот, сепак во Тетово во ноември речиси секојдневно имало надминување на дозволените концентрации на ПМ 10 честичките.

Данијела Билбилоска