Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Теута Арифи на ФБ: Иако се вакцинирав позитивна сум на Ковид – 19

/

пред 1880 дена

Сподели преку :

Градоначалничка на Тетово Теута Арифи на својот Фејсбук профил денеска објави дека иако се вакцинирала пред еден и пол месец, сега е позитивна на Ковид – 19.

„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестиран и позитивен за #COVID19.
Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија“, пишува Афири на Фејсбук.

Таа информира дека втората доза од вакцината ја примила пред повеќе од еден и пол месеци, но како што вели вирусот е се уште меѓу нас.

„Благодарение на вакцинацијата досега имам само мали симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро“, порачува Теута Арифи.