Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен мажот кој со секира ја уби сопругата во Гостивар

/

пред 2213 дена

Сподели преку :

Полицијата го уапси 67 годишниот Б.И кој е осомничен за убиство на својата сопруга, 60 годишната Џ.И.

Тој бил уапсен во регионот над гостиварското село Страјане и ќе биде пренесен во полициска станица, потврдија за Телма од МВР.

Безживотното тело на убиената жена, со повреди од удари со секирата, го пронајде нејзиниот 30-годишен син, В.И и веднаш го пријавил злосторството во полицијата.

Увид на местото на грозоморниот фемицид изврши и екипа од полициски службеници и дежурен јавен обвинител од основното јавно обвинителство во Гостивар, во координација со Крим Техника од МВР.