Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фејсбук: Софтверски платформи на седум компании, од кои една од Македонија, шпиунирале 50 илјади луѓе во 100 земји

/

пред 1750 дена

Сподели преку :

Две различни влади ангажирале две конкурентски компании за да го хакираат телефонот на Ајман Нур, дисидент и египетски претседателски кандидат од 2005 година.

Шпионскиот софтвер беше откриен од дигитални стручњаци од Граѓанската лабораторија на Универзитетот во Торонто, но интересно е тоа што една од компаниите која развила софтвер за шпиунажа е од Македонија, Сајтрокс чиј сопственик е Иво Малинковски.

Фејсбук објави дека седум компании, од кои една е од Македонија, ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50 илјади луѓе во 100 земји. Сајтрокс е развивач на малициозен софтвер за ај-фон и андроид и се отстранети 300 фејсбук и инстаграм профили на компанијата, кои биле користени за да се вклучуваат и измамуваат цели. Во десет држави имала муштерии а нејзиниот софтвер се викал „предатор“.

Но, се започна од пронаоѓањето на софтверот во IPhone на десидентот Нур. Истражувачите од Торонто пронашле и телефон на втор египетски десидент, кој побарал да не биде идентификуван и токму во неговиот телефон се наоѓал софтверот предатор. Ги наведуваат и земјите во кои сајтрокс има клиенти а тоа се Ерменија, Грција, Индонезија, Мадагаскар, Оман, Саудиска Арабија и Србија.

Меѓу шпиунираните се и новинари и свештеници. Неуспешни биле обидите на истражувачите да контактираат со Малинковски, за кои пишуваат дека ги отстранил податоците од својот Линкед ин профил, а се повикуваат на Веб-страницата за деловни податоци Crunchbase во која се вели сајтрокс е основана во предградие на Тел Авив во 2017 година.