Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО-Галерија: Магла на Попова Шапка, повредени тројца скијачи, спасени 30 изгубени

/

пред 1728 дена

Сподели преку :

Од ски центарот Попова Шапка известија дека од густата магла се спасени 30 скијачи кои се изгубиле, тројца биле повредени и дека ги сопрела жичарите во тетовскиот скијачки центар.

-Ве известуваме дека поради појава на густа магла,  заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге“.

-Во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување, соопштија од центарот.

Претходно МВР објави дека се спасиле 9 скијачи.

Фото-галеријата е направена од фотографии на Ски центарот.