Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Мијалков излезе од Шутка ама сега е во корона-изолација, Орце Камчев стигна во судот првпат од слобода на „Плацеви на Водно“

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

На првото рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, од двајцата обвинети  кои беа ослободени од притвор предновогодишно,  само Орце Камчев се појави во судницата.

Екс-директорот на УБК Сашо Мијалков не дојде, а адвокатите соопштија дека е во корона изолација од10-ти јануари со мерка изречена од ДЗСИ.

Откако ниту еден од обвинетите не е повеќе во притвор, покрај Мијалков заболување од корона пријавиле дури тројца адвокати. Петар Василев, адвокатот на Мијалков, потоа Гордана Нацева (адвокат на Ненад Јосифовиќ) која е болна од 09-ти јануари, како и бранителот на Камчев, адвокат Гоце Ристевски кој е на лекување од 14-ти јануари.

Сега „Плацеви на Водно“ се одложени за 24-ти јануари, а доколку повторно некој се разболи среде омикрон бранот може да следува ново одложување.

Според досегашните јавно објавени податоци, Мијалков по вторпат заболува од корона, а во февруари лани кога по него беше распишана потерница за бегство, тој при појавувањето во обвинителството за организиран криминал по решение за домашен притвор- рече дека се „изолирал“ сам два дена бидејќи имал симптоми. Тогаш излезе негативен, но сега во првите десетина дена повторно се разболи од корона вирусот.