Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Центалното претседателство на Алтернатива ги избира идните функционери во власта

/

пред 1750 дена

Сподели преку :

Дали Баким Сали ќе седне во министерската фотелја во здравство и кој од останатите кадри на Алтернатива ќе ги раководат договорените заменички и директорски функции, ќе се знае вечерва по состанокот на Центалното претседателство на Алтернатива. С

едницата беше договорена кусо по предлогот на опозицискиот лидер Мицкоски, токму Гаши да биде мандатар на идна техничка Влада. Алтернатива го одби предлогот со образложение дека во тек е друг процес, однсоно дека остануваат на договореното со Заев. Во синоќешната ТОП ТЕМА партискиот потпретседател Љуљзим Алиу, потенцираше дека денеска ќе ги изберат идните функционери во реконструираната Влада, а во вторник ќе ги назначат на договорените позиции.

Oдбивањето на предлогот Гаши да биде идниот мандатар во техничката Влада што ја побара ВМРО-ДПМНЕ, за опозициската партија е доказ дека на владината колаиција единствено и` се важни наместените тендери, а не решавање на реалните прблеми во државата.

Преговорите со Заев, Гаши ги почна веднаш откако опозицијата не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот. Алтернатива се избори за повеќе функции во владата, што пак предизвика голем револт кај помалите партнери во власта.

Билјана Николовска