Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери предлага електронска работа на пратениците

/

пред 2147 дена

Сподели преку :

Претседателот на Собранието Талат Џафери поднесе предлог за дополнување на Деловникот. Со него се овозможува далечинска работа на пратениците, односно електронско присуство на пленарните седници и на седниците на работните тела.

Ова се предлага за да се усогласат одредбите на Деловникот со новонастанатата здравствена состојба, објаснува спикерот Џафери во кусото соопштение до јавноста.

Ова е идеја на парламентарното мнозинство за која се разговарало на секоја координација на парламентарните партии кај спикерот Џафери, во последните три месеци.

Прашањето било отворено и на денешната координација, но не е постигната согласност. ВМРО ДПМНЕ го отфрла ваквиот предлог како неуставен. Последните недели, работата на Собранието и капацитетот за носење закони се доведени во прашање поради отсуство на пратеници кои имаат решение за изолација или самите се заболени.

Во моментот, шест пратеници се отсутни, со што, владеачкото мнозинство се сведува на максимум 56 пратеници во салата. Десетина закони и исто толку одлуки, за кои расправата е завршена, чекаат да бидат изгласани кога ќе се соберат доволен број пратеници.

Од наредната недела, почнува дебатата за Буџетот за 2021, за што повторно е неопходно мнозинство од барем 61 пратеник.