Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

151 година од постоење на Македонски железници, a претпријатието тоне во долгови

/

пред 922 дена

Сподели преку :

На денешен ден 8 април, пред 151 година била пуштена  првата македонската делница на транс-балканската линија Виена – Солун.

Железничкиот систем продолжува да тоне во долгови. Според извештајот на Министерството за финансии, железничките компании се најголеми државни должници во државата.

Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 4 милијарди денари, односно скоро 65 милиони евра. Државната компанија за железнички превоз има уште 600 милиони денари, односно скоро 10 милиони евра недоспеани обврски, покажува извештајот на министерството за финансии.

Втор најголем должник е Македонски железнички инфраструктура, со долг од 2,5 милијарди денари, односно 41 милиони евра. Уште два милиони евра се недоспеани.

Македонска железница Транспорт во изминатата година го намалиле долгот, а МЖ Инфраструктура го зголемиле.

По поводот 151 година од постоењето на Македонски железници денеска ќе се одржи настан, во кино салата кај Железничка, патничката станица во Скопје.

Според најавата, на почеток на настанот ќе се обрати директорот на Македонски железници – Инфраструктура,  Зоран Трифуновски, а ќе биде претставена и визијата за иднината на железничката инфраструктура во земјава.