Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

17-годишна девојка осомничена за убиство на 16-годишно момче најдено во Пена

/

пред 1398 дена

Сподели преку :

Обвинителството отвори истрага против малолетничка од тетовско поради убиство со умисла.

Девојката е осомничена дека прво го удирала по глава со остар предмет, а потоа го фрлила 16-годишното момче во реката Пена по чие течение е најден убиениот вчера претпладне.

Обвинителството не соопшти кој е мотивот за убиството.

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од КЗ. Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор.