Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

25 пожари низ државата на отворен простор

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Изминатите 24 часа на територијата на земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира ЦУК. Од нив, еден е сѐ уште активен, пет се ставени под контрола, а 19 се целосно изгаснати. Активниот пожар се наоѓа во општина Долнени, во месноста Тутуница кај селото Долгаец, каде што гори ниска вегетација. Пожарите под контрола се во општините Прилеп, Гевгелија, Студеничани, Чучер Сандево и Делчево, додека најголем дел од изгаснатите се во Скопскиот регион, Штип, Кичево и други делови од државата. Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат стрништа или отпад, особено во услови на високи температури и суво време, со цел да се спречат нови пожари и штети по животната средина.