Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

5.650 лаптоп компјутери за Попис 2021

/

пред 2199 дена

Сподели преку :

Обезбедени се лаптопови и софтвер за 5.650 попишувачи, контролори и инструктори на пописот што треба да се одржи во април наредната година. Од Заводот за статистика велат дека 3,3 милиони евра не се многу пари за оваа намена, бидејќи попишувањето ќе се одвива електронски, по сите европски стандарди. Хартиената форма, велат, би чинела дополнителни два и пол милиони евра.

Симовски вели дека парите за компјутерите се планирани во буџетот за оваа година, зашто и пописот беше планиран за април, па одложен заради предвремените избори. За да се одржи истиот месец 2021-ва, неопходно е ново законско решение уште во октомври. Во Собрание ќе се разгледува истиот текст на предлог-законот од минатата година, со амандмански интервенции во однос на терминот.

Македонија нема одржано попис 19 години, а има неуспешен и скап обид во 2011-та. Ќе се попишуваат домаќинствата, становите и лицата кои живеат или престојуваат повеќе од една година, а ќе може да се избере еден од седумте јазици  што се употребуваат во земјава.

Соња Николовска