Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

7% помала излезност од претходните локални избори – покажуваат анализите на ДИК

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Редиците пред изборните места, проблемите со фингерпринтови, се можните причини за падот на излезноста во однос на претходните локални избори од пред 4 години.

Цели 7 проценти е разликата меѓу излезноста на локалните избори во 2017-та и 2021-ва.

Оваа година до 13 часот имало излезност од 20,58 % од запишаните избирачи, додека пред 4 години во истиот период била регистрирана излезност од 27,3 %.

Оваа година излезноста е помала и од излезноста на ланските парламентарни избори до 13 часот, тогаш беше соопштено дека излезноста е 23,81 отсто од запишаните избирачи или за 3,2% повеќе отколку на денeшните локални избори.